ФОТО: Прага го има најдобриот хостел во светот

Од:

Хостел во Прага е прогласен за најдобар во Европа и најдобар мал хостел во светот за соло патници на годинашното доделување на познатите хотелски оскари „Хоскарс“.

Хостелот „RoadHouse“ во стариот дел на градот е опишан како идеално место за друштвените патници, а доби и награда како најдобро сместување за соло патници што се гледа во порастот од 42 отсто на рервации од туристи кои патуваат сами во периодот меѓу 2015 и 2017 година.

Хотелските оскари се најпрестижните награди во туристичката индустрија, кои ги организира познатиот портал за резервации „Hostelworld“ и кои се базираат на податоци од повеќе од 1,2 милиони рецензии доставени во текот на претходната година, при што се оценуваат повеќе од 36 илјади објекти во 170 земји. Наградите ги класифицираат сместувањата во 29 категории, а новата категорија посветена на соло патници има за цел да ги афирмира хостелите кои поттикнуваат ваков начин на патување. Резервациите на порталот, кога се соло патниците во прашање се зголемени за 45 отсто во хотелот „We Love F“ во Лисабон, кој исто така годинава освои награда.

Најдобро оценет хостел за машки соло патници е „One Paralelo“ кој нуди бесплатна вечера и забави секоја вечер.

Би можело да ве интересира

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Убиецот од Прага оставил проштално писмо во кое признал дека убил татко и двомесечно бебе

Горан Наумовски

Ден на жалост во Чешка

Во Прага: Полицијата уапси маж под сомнение дека носел бомба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Чешката полиција со детали за масакрот: Објавена и снимка од потерата по убиецот

Студентите направиле план, се обиделе да го фатат масовниот убиец: Еден бил мамка