Студиото „Бахараш архитектура“ (Baharash Architecture) ги објави плановите за својот дизајн за најзеленото еко одморалиште на светот, кое ќе биде изградено во Обединети Арапски Емирати.
Сместен во Ливи, јужниот регион на ОАЕ, резерватот е само еден од многуте слични проекти, кои оваа еко компанија ќе ги реализира во следните неколку години. Оваа оаза ќе биде готова до 2020 година.
На покривот во облик на ѕвезда ќе бидат вградени соларни панели, кои ќе го снабдуваат одморалиштето од 14.586 метри квадратни со електрична енергија.
Водата ќе се црпи директно од длабокиот бунар, а ќе има и дополнителни еколошки мерки за третирање на отпадните води на самото место и нивно рециклирање и користење за наводнување на земјиштето, нула емисии на штетни гасови по животната средина и изградба на систем за автоматско решавање на проблемот со сметот.
Во еко резерватот ќе има 84 меѓусебно поврзани апартмани, кои ќе имаат поглед кон изворот и неговата оаза.