Поткровјето од 30 метри квадратни е мал стан сместен во центарот на Милано. Сопственичката на станот при реновирањето побарала да има прилично простор за складирање на работите и да има карактеристики на индустрискиот стил.
Директниот пристап низ кујната го штеди просторот, каде вообичаено се наоѓа претсобјето.
Трпезаријата е во состав на овој амбиент со дрвена маса, која е контраст со металните кујнски елементи. Од кујната директно се доаѓа до дневната соба.
Спалната соба е идеално решение за становите со високи тавани, што дозволува заштеда на квадратите.