Куќата е дело на австралиското архитектонско студио „Остин Мајнард“.
Домот содржи големи отворени простори кои се природно осветлени во текот на целиот ден.
По желба на сопственичката изграден е цел еден кат за забава и одмор. Катот е претворен во игралиште односно во огромна кутија за играчките за нејзините деца. Длабокиот простор кој се наоѓа во овој дел од куќата не служи само за складирање на работи, туку и како простор за игра со удобни седишта за возрасните.
Целата куќа е поврзана со кујната, која е вградена во оригинален ходник, со што на дневната соба и е овозможен поголем простор.
На катот се наоѓа лизгачки ѕид од спалните соби, кој целосно може да се отвори, со што двојно се зголемува просторот.