Португалското дизјанерско стурдио ММА презрентираше ново врвно достигнување во модерната изградба на модуларните единици за домување, комбинирајќи ги вонредните линии со минималиситчкиот стил на современиот дизјан.
Станува збор за монтажната куќа „ММА Лајт“, која изгледа како да лебди во воздухот, со што таа претставува олицетворние на софистицираноста, синтетизирајќи ја комбинацијата на скултурната чистота и комфорот во нејзиниот ентериер.
Надворешноста на куќата се карактеризра со јасни и остри линии видливи од секој агол, додека во енетриерот доминират подни, ѕидни и тавански панели од дрво од бор, во комбинација со елегантни и минималистички детали кои креираат заводлив амбиент.
Благодарение на дрвените темели прекриени со огледала, куќата наликува како да лебди над земјата, а нејзиниот модуларен дизјан ја прави адекватана за изградба на секаков вид локации, дури и таму каде што е неозможно подигнување на објект со традиционалните градежни методи.
Оваа монтражна куќа е предвидена во повеќе модели чија должина варира од деват, па до 12 метри и засега може да се набави само на европскиот континент.