На надморска висина од 2.554 метри на Карпатите, на 40 километри од романскиот град Сибиу, се наоѓа еколошкото одморалиште „Валеа Занелор“, кое претставува комплекс од куќички изградени од глина, дрво, песок, камења и сено, кои наликуваат како да доаѓаат од некоја бајка.
Комплексот, изграден во 2014 година, се состои од 10 куќи-апартмани, кои се сто проценти од органско потекло, без употреба на современи материјали, како што се хемиски бои или лакови.
До крајот на годината во рамки на комплексот ќе биде отворен и ресторан, кој исто така ќе биде изграден од органски материјали.
Во самото одморалиште се служи исклучително органска храна, која потекнува од околните села.
Името на комплексот „Валеа Занелор“ на ромнаски јазик значи „Долина на самовилите“, што одговара на амбиентот во кој се наоѓа одморалиштето, вгнездено во планинскиот венец Фагарас под врвот Порумбацу де Сус.