Со цел да си обезбедат двор со зеленило и цвеќиња во текот на целата година, сопствениците на една куќа во шведскиот галвен град Стокхолм се досетиле на иновативна идеја – целиот нивни дом и голем дел од градината ги „вметнале“ во голем стакленик.
Куќата е изградена од дрво, а благодарение на природниот топлински ефект што го предизвикува стакленикот, температурата во неа е околу 20 степени, дури и кога надвор живата во термометрите е нешто над нула степени Целзиусови.
Стакленикот е изграден од непробојно стакло дебело четири милиметри, кое е доволно силно да ги издржи сите природни појави.
Вака осмислената градба им овозможува на сопствениците да го минуваат времето во својот двор, независно од временските улови, бидејќи стакленикот во внтрешноста создава амбиент на медитеранска клима, што овозможува и намалување на трошоците за греење за дури 50 проценти.
Ваквата структура е целосно самоодржлива и претставува идеален концепт за спојување на внатрешниот и надворешниот живот на сосема природен начин, дури и кога се живее во близина на арктичкиот круг.