Куќата се наоѓа во јапонскиот град Тошиги и е дело на студиото „Suppose Design Office“. Куќата има двофункционелен простор, кој се наоѓа меѓу нивото на куќата и покривот, креирајќи животни простории кои можат да бидат сметани како внатрешни, така и надворешни ентитети.
Слично на енгави, јапонски стил на веранда, овие површини пружаат можности за социјална интеракција.
– Семејството кое живее во куќата може да руча на отворено или да ја користи градината за дождливите денови, со што во голема мера се менува атмосферата на секојдневниот живот. Распоредот внесува динамично чувство во целосно функционалниот проект, изјавија архитектите.
Дрвото на ѕидовите и подовите внесува топло чувство во минималиситчкиот ентериер, додека карактеристичните коси ѕидови, разните геометриски облици и големиот број прозорци додаваат разиграноста на целокупниот амбиент.