Казахстанскиот архитект Аибек Алмасов од едно московско архитектонско студио дизајнира цевкаста и единствена куќа на дрво.
Објектот „Дрво во куќата“ е опкружен со шума од елки. Куќата пружа поглед од 360 степени на шумата и е совршена за бегство од бетонскиот простор на градот.
Куќата има четири нивоа над земја, а прстенестите катови се околу дрвото, додека највисокиот кат е над крошната на самото стебло.
Спиралните скали се долж стеблото.