Бразилката Адријана Лима успеа да го продаде луксузниот пентхаус во центарот на Њујорк, што таа и нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот Марко Јариќ го купија додека беа во брак.
Станот во Менхетен го купиле во 2003 година за два милиони долари.
Пентхаусот има повеќе од 200 квадратни метри, има две спални, две бањи и огромна кујна, а погледот од станот е на Централниот парк.
Зградата во која се наоѓа овој стан има фитнес-центар, базен, салон за масажи, ексклузивен ресторан само за станарите и паркинг.
Ова е втор обид таа да го продаде пентхаусот. Во 2013-та година, непосредно пред разводот со Јариќ таа се обиде да го продаде за 5,5 милиони долари, но никој не сакал да го купи по таа цена.
На крајот таа го продаде за 3,3 милиони долари.