ВИДЕО: Филип Божиновски одржа лекција за пеење во „Ѕвездите на Гранд“

Од:

Фантастичниот Филип Божиновски одржа лекција за пеење во „Ѕвездите на Гранд“ и повторно се врати во најпопуларното музичко шоу во регионот.

Во баражната емисија, продукцијата „Гранд“ им даде можност на испаднатите натпреварувачи да се вратат повторно на големата сцена и да докажат дека заслужуваат да бидат дел од неа.

Филип Божиновски ги отпеа песните „Опет си побиједила“ од Тони Цетински и „Рани на усните“ од Тоше Проески и успеа да го победи својот против-кандидат Раша Савиќ со резултат 6:0.

Ана Бекута прва го скрши мразот и само неколку секунди откако запеа Филип кажа дека е одличен, додека легендарната Зорица Брунцлик изрази желба да сними дует со нашиот претставник.

Filip Bozinovski 02

– Кога еден ден ќе станеш познат и популарен, сакам да снимам дует со тебе, изјави Зорица Брунцлик воодушевена од пеењето на Филип.

 

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски