Фил Колинс се враќа на музичката сцена

Од:

Легендарниот тапанар и фронтмен на некогашната група „Џенезис“, Фил Колинс, одлучи да го „прекине пензионерскиот живот“ и да се врати на музичката сцена.

Колинс (64), кој го издаде последниот албум за „Мотаун“ во 2010 година, но нема објавено нова песна уште од 2002 година, сега вели дека следниот месец ќе влезе во студио за да го реализира својот нов проект.

– Официјално повеќе не сум пензионер, изјави Фил Колинс за американското списание „Ролинг Стоун“, додавајќи дека „коњот е надвор од коњушницата и тој се подготвува да јава“.

Пејачот, тапанар и композитор се прослави со групата „Џенезис“, а подоцна својата популарност уште повеќе ја зголеми како солист, објавувајќи десетина големи светски хитови.

Во 2011 година Колинс одлучи целосно да се повлече од сцената и објави дека „заминува во пензија“ за да може да им се посвети на своите мали деца по разводот со неговата тогашна сопруга.

– Децата сега се пораснати и имаат десет и 14 години и тие сакаат да видат што нивниот татко може да направи, вели Колинс за „Ролинг Стоун“.

Во интервјуто за списанието тој открива дека инетнзивно размислува за турнеја со неговиот бендот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски