Фетучини примавера

Од:

Лесно пролетно јадење, мешавина од свеж зеленчук и зачини…

Состојки:

1 пакување фетучини (вид тестенини)
1 чешне лук
4 меснати црвени пиперки
500 г шампињони
околу 200 г брокула (или околу 500 г млад спанаќ)
200 мл бело вино
малку од водата во која ги варевте тестенините
маслиново масло
мелен сув зачин, оригано, босилек, сол, црн бибер
пармезан

Подготовка:

– Фетучините сварете ги според упатството на пакувањето.

– Додека се варат тестенините во тава на рингла ставете малку маслиново масло и ставете го сечканото лукче. Пржете го многу кратко додека малку не замириса.

– Потоа додадете ја пиперката исецкана на стапчиња и динстајте ја додека да омекне. Пиперките извадете ги од тавата и оставете ги настрана.

– На истото масло во тавата ставете ги печурките, сецкани на листови. Динстајте ги 5-10 минути, а потоа извадете ги од тавата и ставете ги во садот кај пиперките.

– Потоа во тавата ставете ги парчињата брокула (или, пак, младиот спанаќ) и динстајте само неколку минути. И брокулата извадете ја од тавата и додадете во садот кај пиперките.

– Во тавата сипете малку од водата во која се вареа тестенините, 1 лажица путер, бело вино и мелен сув зачин, по вкус. Варете 2-3 минути додека да испари алкохолот.

– Сега во тавата префрлете ги варените тестенини, целиот зеленчук и печурките и убаво измешајте за фетучините да го впијат целиот сос. На крај зачинете по вкус.

– Сервирајте ги посипани со пармезан и уживајте.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска