Фестивал под слоганот „без мажи“ прогласен за дискриминаторски

Од:

Шведскиот фестивал „Стејтмент“ под мотото „Без мажи“ е прогласен за дискриминаторски од страна на јавниот правобранител на Шведска.

Тој нагласи дека настанот ги прекршува шведските антидискриминациски закони и дека „настанот обесхрабрува одредена група луѓе да дојдат и да го посетат“.

Организаторите на настанот, во соопштението на Фејсбук, велат дека се „премногу зафатени со менување на светот” за да одговорат.

– Успехот на фестивалот „Стејтмент“ го покажува токму она што ни треба и пресудата на омбудсманот не ни значи ништо, стои во соопштението.

Правобранителот сепак истакнува дека правилото „без мажи” не било на дело спроведено на годинашниот фестивал и дека „посетителите на влезот не биле делени врз основа на полот”, така што парични казни нема да има.

Организаторите на дводневниот фестивал во најавата за неговото одржување наведуваат дека тоа е „прв музички фестивал за жени, родово неопределени лица и трансексуалци“.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина