„Ферари“ влегува во луксузната модна индустрија

Од:

Познатиот италијански производител на луксузни автомобили „Ферари“ одлучи да се испроба и во луксузната модна индустрија.

Првата колекција беше претставена на модна ревија во Маранело, близу Модена, каде што и се наоѓа седиштето на фабриките на „Ферари“. Креативниот директор на новата облека за возрасни и за деца – со препознатливиот знак со коњот, е Роко Јаноне – дизајнер кој соработувал и со Џорџо Армани.

Во колекцијата доминираат црвената и портокаловата боја, а отпечатоците на материјалите се инспирирани од карактеристичните линии на автомобилите на Ферари и на написи од весници. При создавањето на колекцијата, се истакнува, посебно внимание се посветило на употребата на материјали чиешто производство значи заштита на животната средина. Етикетите гарантираат и дека не биле искористувани работници или деца за време на производството.

Модната марка „Ферари“ сега е една од компонентите на холдингот „Екс-сор“, сопственост на семејството Ањели.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска