ФАО: Брзата храна ја поткопува светската економија

Од:

Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) предупреди дека прекумерната телесна тежина и неквалитетната исхрана значително влијаат на светската економија и ги повика владите да инвестираат во здрава исхрана, бидејќи тоа ќа донесе голема економска и општествена корист.

Намалената продуктивност и растот на трошоците за здравствена заштита поврзани со неквалитетниот начин на исхрана може да намалат до пет проценти од светскиот бруто домашен производ (БДП), односно 3,5 билиони долари годишно, наведува ФАО.

Организацијата во својот годишен извештај наведува дека 12,5 проценти од светската популација преку исхраната не ја задоволува потребата на орагнизмот за енегрија, додека 26 проценти од децата во светот не се хранат доволно добро. Околу две милијарди луѓе страдаат од недостиг на храна, а 1,4 милијарди се соочуваат со прекумерна тежина, од кои 500 милиони се екстремно дебели, нагласува ФАО.

Урбанизацијата, животниот стил со премногу време во седечка позиција и се поголемата достапност до брза храна претставуваат значителен предизвик во борбата против прекумерната телесна тежина, но придобивките од тоа би биле повеќестрани, смета организацијата.

– Инвестирањето во намалување на хранливите недостатоци ќе резултира со подобро здравје, намалена смртност кај децата и поголеми приходи во иднина, нагласува ФАО.

Ескпертите истакнуваат дека хранливите недостатоци како што се недостигот на витамини, железо и јод се многу чести во земјите во развој. Според проценките светскиот БДП годишно губи околу 2 до 3 отсто, односно 1,4 до 2,1 билион долари поради слабиот квалитет на исхрана.

ФАО ги повикува сите лидери да инвестираат во здравата храна и да промовираат производство на овошје, зеленчук и мешункасти производи, како и производи од животинско потекло.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов