Евровизија – избор на песна или политички ринг

Од:

ВЕЧЕРВА Е ГОЛЕМОТО ЕВРОВИЗИСКО ФИНАЛЕ

Центарот на старата дама вечерва е Баку!

Азербеџанската престолнина ќе биде домаќин на европската мзузика. 26 земји од стариот континент на сцена, а само една ќе ја добие титулата Најдобра песна на Евровизија за 2012-та.

Македонија по четири години пауза се враќа на големото евровизиско финале. Нашата поп-дива Калиопи во четвртокот го доби билетот, и вечерва во Кристалната арена ќе настапува 22 во збир од 26 земји.

1. Велика Британија – Engelbert Humperdinck – Love Will Set You Free

2. Унгарија – Compact Disco – Sound Of Our Hearts

3. Aлбанија – Rona NIshliu – Suus

4. Литванија – Donny Montell – Love Is Blind

5. Босна и Херцеговина – Maya Sar – Korake Ti Znam

6. Русија – Buranovskiye Babushki – Party For Everybody

7. Исланд – Greta Salóme & Jónsi – Never Forget

8. Кипар – Ivi Adamou – La La Love

9. Франција – Anggun – Echo (You And I)

10. Италија – Nina Zilli – L’Amore È Femmina (Out Of Love)

11. Естонија – Ott Lepland – Kuula

12. Норвешка – Tooji – Stay

13. Азербеџан – Sabina Babayeva – When The Music Dies

14. Романија – Mandinga – Zaleilah

15. Данска – Soluna Samay – Shoud’ve Known Better

16. Грција – Eleftheria Eleftheriou – Aphrodisiac

17. Шведска – Loreen – Euphoria

18. Турција – Can Bonomo – Love Me Back

19. Шпанија- Pastora Soler – Quédate Conmigo (Stay With Me)

20. Германија – Roman Lob – Standing Still

21. Малта – Kurt Calleja – This Is The Night

22. Македонија – Калиопи – Црно и бело

23. Ирска – Jedward – Waterline

24. Србија – Željko Joksimović – Nije Ljubav Stvar

25. Украина – Gaitana – Be My Guest

26. Молдавија – Pasha Parfeny – Lăutar

 

ДЕМОНСТРИРАЊЕ НА ПОЛИТИКА ПРЕКУ ПЕСНА?

Каде ќе појде толку посакувата 12-ка ќе одлучува меѓународна жири комисија и публиката со гласање преку телевоутинг.

Но кој ќе го понесе дома стаклениот Гранд при трофеј, дизајниран од Кел Енгман, зависи од многу повеќе фактори, отколку само добра песна, јака вокална изведба и впечатлив сценски настап.

Како што пренесува светската Тв станица CNN, Евровизија веќе подолго време важи за форум за геополитичка стратегија. Блоковското гласање веќе одамна е составен дел од евровизиското шоу.

Минатата година шпански новинар објави документарец во кој наведуваше дека уште далечната 1968 година шпанскиот диктатор Франциско Франко, водел кампања за купување гласови, која на крајот резултирала со победа над долго фаворизираниот Британец Клиф Ричардс.

И покрај напорите на организаторите да го задржат префиксот аполитички, политичките тензии неретко биле дел од настапите на евровизиките настапувачи.

За потсетување 2007, политичката тензија меѓу Украина и Русија, резултираше со песната на Верка Сердушка, Dancing Lasha Tumbai, која многумина ја преведоа како Russia goodbye, или збогум Русија. А две години подоцна пак, откако избија тензиите помеѓу Русија и Грузија со Северна Осетија, Грузија се повлече од натпреварувањето во Москва кога организаторите не им дозволија да настапуваат со песна за која сметаа дека директно го напаѓа рускиот премиер.

Дека Евросонгот е многу повеќе од само натпревар за најдобра песна, покажува и повлекувањето на Ерменија од годинешното издание. Поради 20 години долгиот спор со земјата домаќин Азербејџан, околу регионот Нагорно – Карабак и страотните бројки на 20 до 30 илјади загинати луѓе, Ерменија се одлучи да ја бојкотира Евровизија оваа година.

Токму и годината за кога се смета дека шпанскиот диктатор со измама ја донесе Евровизија во својата земја, Австрија одби да учествува во Мадрид , во знак на протест против режимот на Франко.

2003-тата Британија беше „наградена“ со една голема нула, се верува како одговор поради нејзиниото праќање трупи ан Блискиот Исток и војната во Ирак.

Либан пак 2005-тата година одби да го пренесува настапот на Израел. Поради тоа оваа земја излезе од списокот земји на ЕБУ кои го емитуваат директно ова шоу.

Италија повеќе од деценија, иако е земја која е позната по своите шлагери, одбиваше да учествува во шоуто кое го нарече политички митинг.

Светските телевизиски мрежи веќе цела недела се занимаваат со прашањето зошто тогаш некој би сакал да учествува во шоу кое очигледно има многу мала музичка важност?

Ако се земе во предвид дека од влезот во 21 век, на списокот победници на ова шоу се Естонија, Латвија, Турција, Украина, Србија, Русија, Азербејџан, очигледна е доминацијата на „Новата Европа“ и добивање награди за заслуги за сработеното на политички план.

http://www.youtube.com/watch?v=GWo1XXflfPU

Преваленција на овие земји над „старите држави“, според медиумските експерти се должи на фактот дека овие сакааат да демонстрираат дека се современи и модерни држави и да ги покажат своите природни убавини пред останатиот дел од континентот. Престижот на победник повеќе не е важен. Напротив интрото на земја учесничка кое земјите домаќини го користат да го покажат во најдобро светло да ја рекламираат своето национална богатство во најдобро светло пред огромен аудиториум.

БЛОКОВСКО ГЛАСАЊЕ ИЛИ ГЛАСАЊЕ „НА ТИ ГО – ДАЈ МИ ГО“

Постојат три поголеми блокови, кои по непишано правило во круг го заокружуваат евровизиското гласање.

Балканскиот блок – Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Грција, Кипар, Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Романија.

Она што го бележи воој блок е спорот меѓу нашата земја и Грција, кој резултира со фактот дека нашиот јужен сосед никогаш и нема доделно бодови на нашата земја. Во Македонското гласње пак покрај „политиката“ пресудни се големиот број етнички албанци кои живеат тука и редовно гласат за албанскиот претставник, како и блискоста со ек-ју музиката. Во овој блок и соседско гласање исклучок е Турција, која поради големиот број иселенци редовно добива голем број поени од западно европските земји. А тука некаде е и Србија.

Потоа следува варшавскиот пакт – Русија, Украина, Белорусија, Полска, Грузија и Молдавија.

И викиншкото „братство“ или скандинавскиот пакт – Норвешка, Шведска, данска, Финска, Исланд, Естонија, Латвија и Литванија.

Во блоковското гласање, сепако мора да се земе во предвид , јазичната бариера која е помала кај земјите во блоковите и секако многу повозможно е гостувањето на преставниците во соседните земји и нивно фаворизирање, отколку во некој од блоковите каде не припаѓаат и каде ги делат километри раздалеченост. Еден од главните фактори е и тоа што музичките продуценти, менаџери, циркулираат во земјите од блоковите и многу повозможно е дека на радио постојано ќе се слуша и промовира песна од соседна земја.

„Големата петорка“ пак, Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија и Италија кој имаат најголем финансиски придонес во организирањето на шоуто и се пласираат директно во финалето имаат најмал профит од било какви политички и блоковски врзувања.

http://www.youtube.com/watch?v=Iz2s7IXXojk

Според оваа теорија, оваа година се предвидува дека ќе има неколку земји – матици.

Шведската „Еуфорија“ околку која ќе се врзе викиншкото братство, руските Бабушки и украинската Хитана ќе се борат за превласт во гласањето за варшавскио пакт, додека српскиот претставник Жељко Јоксимовиќ и турскиот Кан Бономо е дуелот кој ќе ги одмери силите кај балканските народи, но и во моќтта на дијаспората.

Сепак важно е да се запамети дека ИЗНЕНАДУВАЊА СЕКОГАШ ИМА!

Христена Антовска Јованчева

 

Би можело да ве интересира

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Хрватската песна се искачи на врвот на обложувалниците за победник на Евросонг

Предраг Петровиќ

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он