Сите состојки кои се содржат во храната која ја внесуваме служат на нашиот организам да му обезбедат повеќе енергија, материјал потребни за раст, градба и обнова на клетките како и елементи неопходни за нормалното функционирање на органите и метаболизмот. И кога е во прашање добрата когнитивна функција и подобрување на концентрацијата и меморијата, постојат специфични нутриенти во намирниците кои ги внесуваме што можат да направат голема разлика во тоа каква меморија и концентрација ќе имаме.
Претставници од домашната компанија Naturatherapy MK присуствуваа на овогодинешниот светски саем за новитети, состојки и развој на производи во индустријата за додатоци во исхраната и фармацијата – FITAFOODS кој се одржа во Женева Швајцарија и ги споделија нивните најнови сознанија и препораки.
Важноста на концентрацијата во секојдневниот живот
Сите сме имале денови кога едноставно се чувствуваме успорени, без енергија, со слаба продуктивностбидејки тешко можеме да се фокусираме и сконцентрираме на работата. Доколку способноста за одржување на вниманието ни е мала, кога сме расеани и не можеме да се сконцентрираме, не само што многу потешко ќе ги сработиме професионалните задачи, туку кога се чувствуваме дека сме го „изгубиле“ паметот, ќе искусиме проблеми и во секојдневниот ритам и обврски, заборавајки да набавиме некоја намирница во маркет, да пренесеме некоја порака до член на семејството, да ја земеме дневната доза терапија, или дури да поминеме на црвено во сообраќајот, да го заборавиме клучот на вратата и уште низа ситуации кои може да бидат и многу, многу опасни!?
Фактори кои влијаат на нивото на концентрација
Постојат неколку различни фактори кои влијаат на нивото на концентрација, како на пример:
Здравствената состојба – општата здравствена состојба во голема мера влијае на мозокот, меморијата и концентрацијата. Постоењето на хронични болести како кардиоваскуларни, дијабетес, одредени автоимуни состојби и слично, можат да имаат многу негативно влијание. Едноставно, ако крвните садови се оштетени и циркулацијата е лоша, мозокот добива помалку кислород и нутритивни состојки потребни за нормална функција.
Исхраната – која е клучна за внес на состојки потребни за продукција на невротрансмитери, јакнење на меморијата и оптимална функција на мозокот. Преку храна или суплементи, внесот на одредени клучни состојки е есенцијално за добра меморија и концентрација.
Физичката активност – недостатокот од физичка активност ја намалува циркулацијата и е причина за намалено чистење на мозокот од отпадните материи и обезбедување на доволно кислород и енергија.
Стресот – кога сме под стрес не можеме да размислуваме со полна концентрација и рационалност, па така долгорочниот стрес може сериозно да ја намали меморијата и нашиот ментален капацитет.
Сонот – како што квалитетниот сон овозможува ресетирање на мемориските центри, складирање на меморијата и севкупно подобрување на когницијата, така лошиот и неквалитетен сон е причина за слаб фокус и концентрација и слаба меморија.
Супер состојки кои ќе ви ја подобрат меморијата и концентрацијата
Омега-3 масни киселини – неопходни за мембраните на клетките во мозокот, а најважно од се ја стимулираат продукцијата на протеини со кои се овозможува повторно поврзување на невроните, т.е развој на нови синапси што значи подобра меморија и когниција. Овие масни состојки ќе ги обезбедите со внесот на масна морска рива, морски плодови, алги како и семиња (чиа, лен и др.)
Б витамини – сите Б витамини се врзани за производството на енергија во клетките, а витамините Б2, Б9 и Б12 уште поконкретно за одржување на оптимални нивоа на хомоцистеин, кој доколку се покачи предизвикува воспаленија и влошена мозочна функција.
Антиоксиданси – полифенолите или каретеноидите се состојки во овошјата, зеленчукот зачините и билките се важни да го спечат оксидативниот стрес во мозокот, односно да го спречат оштетувањето предизвикано од страна на слободните радикали. Гледајте секогаш де внесувате овошје и зеленчук во боите на виножитото, така ќе внесете што повеќе различни антиоксиданти.
Холин – состојка која е потребна за правење на ацетилхолинот, клучен невротрансмитер кога е во прашање процесирањето, учењето и когницијата во целина. Холинот не може да се најде во многу намирници, но ќе го внесете со конзумирање на јајца и црн дроб.
Гинко билоба – научните студии покажуваат дека оваа билка придонесува за подобрување на циркулацијата во мозокот, а со тоа и за подобра исхрана и функција на мозочните клетки. Единствен начин да се внесе е со употреба на додатоци во исхраната
Креатин – оваа состојка ја прави нашето тело а се наоѓа и во месото и рибата и овозможува рециклирање на енергијата во клетките. ПОвеќе креатин, поголема енергија и за мускулите, но и за мозокот, а со тоа и подобра концентрација и меморија. За оптимални нивоа на креатин сепак подобро е да се потпрете на некој квалитетен суплемент.
Витамин Д – e неопходен за продукција и одржување на нивоата на невротрансмитерите серотонин, допамин, ацетилхолин и други а со тоа е неопходен и за фокусот, расположението и концентрацијата.
Магнезиум – исто така учествува во продукцијата на важни невротрансмитери а помага и во релаксација на крвните садови за подобар проток на крв и поголемо снабдување на мозокот со кислород и нутриенти.
Железо – како состојка покрај тоа што е неопходно за крвта, потребно е и за севкупната функција на мозокот, преносот на сигнал, продукцијата на миелин на невроните итн.
Цинк – овој минерал е исто така зажен за когницијата и меморијата бидејки учествува во синаптичката функција на невроните.
Коензим Q10 – овој внатреклеточен антиоксидант кој се создава во самите клетки, помага да се спечат оштетувања во клетките предизвикани од слободните радикали што се создаваат во самите клетки и помага да се спречи стареењето на клетките и да се обезбеди повеќе енергија за функционирањето на сите клетки во телото, вклучувајки го и мозокот.
Секој организам, зависно од генетските предиспозиции и исхраната може да има различна потреба од овие состојки. Доколку сакате добра меморија, фокус и концентрација поставете си цели како да обезбедите оптимални вредности од горенаведените состојки. Со немалениот квалитет на храната и се помалата посветеност кон домашно подготовената денес е се потешко да се обезбедат потребните вредности на овие нутриенти.
Затоа тука се компаниите како Naturatherapy.mk. кои нудат широк спектар на висококвалитетни додатоци на исхраната со кои лесно може да се надополнат потребите од овие витални состојки.