ЕУ советува како да се организира еколошки прифатлива забава

Од:

Организирањето забави за пријатели и роднини веројатно носи многу веселба, но ЕУ предупредува дека хедонизмот ја оптоварува околината и нуди совети како да се направи забава а да се остане со еколошки чиста совест.

ЕУ смета дека на една просечна забава се троши многу необновлива енергија и зад неа останува многу смет, пренесува ФЕНА.

„Смерџи“, компанијата за заштеда на енергија која е спонзорирана од ЕК, има план како да се организираат еколошко-пријателски настани.

Организирањето почнува со превозот. Пристигнувањето со автомобил е штетно за околината, а тоа значи и дека возачите не смеат да конзумираат алкохол. Користењето на јавниот превоз е многу подобра опција.

Осветлувањето на соларна енергија може да создаде прекрасна атмосфера, а ЛЕД сијалиците користат многу помалку електрична енергија од конвенционалните, напоменува „Смерџи“.

Користењето рециклирана тоалетна хартија во бањите и монтирањето перлатор (сито за чешма) на славините, исто така, ги штедат драгоцените извори. За подготвените сендвичи не треба да се користат хартиени, ниту керамички чинии кои потоа треба да се мијат, а притоа се троши вода.

Наместо пластични чаши, се препорачуваат стаклени. По завршување на забавата не треба да се користи алуминиумска фолија за остатоците од храна, туку пластични садови со капаци, а за чистење на околината да се употребат „детергенти кои не се штетни за околината“.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ