„Епл“ планира да претстави ајфон поевтин од 500 долари

Од:

Никеј ејжн рипорт неодамна објави дека „Епл“ следната година планира да лансира телефон чија цена не би надминувала 500 долари, а кој практично би го наследил ајфон СЕ од 2016 година.

Во петокот еден од најпознатите аналитичари на „Епл“, Минг Чи-Куо, навести дека на почетокот од следната година компанијата ќе лансира компактен и евтин телефон со унапредени перформанси.

Во своето предвидување, Куо наведува дека новиот телефон ќе го има најновиот A13 бионик чип и 3 гигабајти РАМ меморија.

Инаку, уште пред две години на интернет се појавија голем број неофицијални слики од телефонот ајфон СЕ 2, но „Епл“ никогаш официјално не го претстави. Тие слики укажуваа на телефон со сличен изглед како ајфон 8 кој беше претставен истата година, па се верува дека токму тој модел би можел да послужи како основа за СЕ 2.

Куо забележува дека лансирањето на телефон како ајфон СЕ 2 би имало смисла, со оглед на тоа дека повеќе од 100 милиони корисници сè уште користат ајфон 6, за кој не е предвидено ажурирање со новиот iOS 13. За овие корисници, ајфон СЕ 2 би бил идеален телефон за надградба.

Постои уште една причина зошто Куо верува дека наскоро ќе биде претставен СЕ 2 – продажбата на ајфон е во значителен пад во последните неколку квартали. Продажбата и популарноста на новиот ајфон 11 може да го забави ваквиот тренд, но претставување на поевтин телефон сигурно би претставувало дополнителен ветер во грб за „Епл“.

Би можело да ве интересира

Дејли мирор: Епл ќе го купи Манчестер јунајтед

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он

Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам

А1он

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он

Епл тужи израелски производител на шпионски софтвер

А1он

Поради недостиг на чипови, намалено производството на Ајфон 13

А1он