„Епл“ ќе ја одложи промоцијата на новите модели Ајфон за еден месец

Од:

Американската компанија „Епл“ годинава ќе ги промовира новите модели на Ајфон со задоцнување од еден месец, соопшти Волстрит журнал.

Повикувајќи се на извори од компанијата, весникот дознава дека задршката на производството на новите модели Ајфон се должи на привремената пауза во работата на фабриките поради коронавирусот.

Како што претходно посочија некои медиуми, во 2020 година „Епл“ планира да претстави на пазарот четири нови паметни телефони. Два ќе бидат сосема нови модели „Ајфон 12 про“ и „Ајфон 12 про макс“, уште два ќе бидат усовршена верзија на основните модели „Ајфон 11“.

Традиционално, новите телефони „Епл“ ги промовира во септември, годинава настанот ќе биде поместен за неколку недели, но се планира да се случи наесен, јавуваат изворите.

Новите телефони ќе бидат опремени со петта генерација брзина на трансфер на податоци (5Г) технологија, и 3Д Лидар камери како кај таблетите „Ајпад про“.

Би можело да ве интересира

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он

Епл тужи израелски производител на шпионски софтвер

А1он

Поради недостиг на чипови, намалено производството на Ајфон 13

А1он

Новиот „Ајфон 13“, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Ана Ололовска

ЕУ го обвини Епл за кршење на антимонополските правила

Ана Ололовска

„Епл“ ги зголемува инвестициите во САД, во следните пет години планира да вложи 430 милијарди

Жарко Настоски