Епл ги претстави АјФон 5С и АјФон 5Ц

Од:

Американската компанија „Епл“ го замени АјФон 5 и претстави два нови модели АјФон 5Ц и 5С, кои на пазарот ќе се најдат од 20 септември годинава.

АјФон 5С ќе биде достапен во златна, црна и сребрена боја. Тој е изработен од алуминиум и работи на 64-битен А7 чип.

Според Епл процесорот е два пати побрз, додека графиката и перформансите се 56 пати побрзи од претходникот.

Батеријата на новиот АјФон 5С ќе може да издржи 10 часа интернет пребарување,10 часа 3Г разговори или 250 часа во стенд бај.

Епл го потврди сензорот за отпечатоци на прсти, што е директно вграден во „хоум“ копчето на АјФон 5С.

АјФон 5Ц доаѓа со нов дизајн и е достапен во неколку бои како зелена, жолта, сина, бела и црвена.

Предниот, задниот и страничниот дел на телефонот се изработени од еден дел. Куќиштето е изработено од поликарбонат, а за внатрешноста е користена структура од зајакнат челик.

АјФон 5Ц располага со 4 инчен екран и камера од 8 мегапиксели.

Двата модели ќе се најдат во продажба од 20 септември во над 100 земји.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска