ЕП го поддржа Договорот за излез на Велика Британија од ЕУ

Од:

Европскиот парламент со 621 глас „за“, 49 против и 13 воздржани го поддржа Договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Одобрувањето на Европскиот парламент и официјалната согласност на Советот е последната законска процедура неопходна за Велика Британија да ја напушти Европската Унија на уреден начин на полноќ на 31 јануари.

„Историското гласање“, со кое се потврдува првото спогодбено напуштање на ЕУ од страна на некоја земја-членка, помина во церемонијална атмосфера.

Британските пратеници, зависно од своите политички определби, најавија прослава за петок на полноќ или порачаа на ЕУ дека ќе се вратат.

Сите сме тажни што дојдовме во ова – долгогодишна земја членка да го напушти ЕУ семејството. Ние секогаш во целост ја почитувавме одлуката на британскиот народ. Вие сте наши партнери и сојузници и секогаш ќе имаме блиски односи.

Вие ја напуштате ЕУ, но секогаш ќе бидете дел од Европа, рече претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли по гласањето.

Европскиот парламент за 1 февруари планира церемонија за симнување на знамето на Велика Британија, кое се наоѓа пред седиштето на Парламентот во Брисел, покрај знамињата на другите 27 земји-членки.

Британското знаме ќе биде вклучено во колекцијата на Музејот на европска историја што се наоѓа во непосредна близина на Европскиот парламент во Брисел.

Договорот што го постигнаа ЕУ и Велика Британија предвидува заштита на правата на граѓаните на ЕУ кои остануваат во Велика Британија по Брегзит и обратно.

Тие, исто така, се согласија за финансиските обврски што Лондон треба да ги подмири кон ЕУ, како и за начинот на кој ќе функционира границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

По Брегзит, предвиден е „преоден период“ во односите на двете земји до крајот на 2020 година.

Во тој период Велика Британија се обврза дека како „трета земја“ ќе продолжи да ги почитува законите на Унијата.

Европската комисија до март треба да го претстави планот за преговори за идните односи меѓу Лондон и Брисел.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ