Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Од:

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од улогата во најпопуларната серија последните години „Игра на тронови“.

Кларк која го толкува ликот „Мајка на змејовите“ (Денерис Таргеријан) на зглобот од раката истетовира три мали змејови. Тие се „нејзините деца“ од серијата Дрогон, Регал и Висерион.

– Ова мајка никогаш нема да ги заборави своите бебиња, напиша Кларк на Инстаграм.

Тоа не е првпат актерката да се опростува од улогата која ја прослави. Таа истот го направи и пред три месеци.

– Благодарам за можноста за која не ни можев да сонувам дека ќе ја добијам, напиша тогаш Кларк.

Последната, осма сезона од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019 година, но се уште не е познат точниот датум.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: ХБО објави сцена од новата сезона на „Игра на тронови“

Наум Локоски

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Наум Локоски

Бред Пит понудил 120 илјади долари за да гледа „Игра на тронови“ со Емилија Кларк

Наум Локоски

Ѕвездите од „Игра на тронови“ заработуваат по половина милион долари од епизода

Наум Локоски