Ема Радукану е ново лице на „Диор“

Од:

Младата британска тениска ѕвезда Ема Радукану стана ново заштитно лице на модната компанија „Диор“, нешто повеќе од еден месец по победата на „Ју-ес опен“.

Тинејџерката ќе ја претставува колекцијата женска облека на француската луксузна модна куќа, како и козметички линии. Ема беше присутна на премиерата на филмот „Џејмс Бонд: Не е време за умирање“ во септември, и притоа облече фустан дизајниран од креативната директорка на „Диор“ – Марија Грација Чијури за колекцијата за 2022 година.

Радукану го привлече вниманието со одличниот настап на овогодишниот Вимблдон во текот на летото, и го шокираше тенискиот свет со победата на „Ју-ес опен“, кога ја победи една година постарата Канаѓанка Лејла Фернандез. Ема стана првата квалификантка која освоила гренд-слем титула.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска