Елтон Џон стана витез на Легијата на честа во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи британскиот поп-музичар Елтон Џон (72) за витез на Легијата на честа, во знак на признание на неговата музичка кариера и борбата против ХИВ и СИДА.

Францускиот претседател на свеченоста во Елисејската палата, синоќа му го врачи признанието на Елтон Џон, и тоа на денот на музиката, кој во Франција се слави како „Фете де ла мусикуе”.

-Јас сум во голема љубов со Франција. Овде имам куќа, рече 72-годишниот Британец.

Легија на честа му е прво такво високо признание од 1998 година, кога кралицата Елизабета го прогласи за витез и му ја додели титулата Сер.

Британскиот пејач е во сред светска турнеја, а сега одржува концерти во Франција. Макрон се сретна со поп легендата и ја искористи можноста да се заземе за борбата против опасните болести како што се СИДА-та, туберкулозата и маларијата. Од овие болести ширум светот умираат 2,7 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Едвард Фурлонг во новиот „Терминатор“ филм

Ана Ололовска

Алек Болдвин повторно коментираше на Инстаграм, ќерка му се сликала во танга

Ана Ололовска

Ќерката на Пол Вокер сè попопуларна на Инстаграм

Ана Ололовска

Мараја Кери: Спиев само со петмина

Ана Ололовска

Офрлено обвинението за сексуален напад против Кевин Спејси

Ана Ололовска

Том Круз ги раздели неговите деца од мајка им

Ана Ололовска