Елтон Џон му забележа на Ед Ширан оти ја издаде тајната за идниот заеднички дует

Од:

Британскиот пејач сер Елтон Џон му забележа на својот помлад колега Ед Ширан, дека издал „деловна тајна“ околу нивниот иден заеднички божиќен дует.

dobivaj vesti na viber

– Се заколнав на тајност, а потоа големата уста, зае**ниот Ширан отиде во Холандија! Би требало (песната) да излезе – сè уште не сме ја завршиле, а има уште многу да се доврши. Песната во мигов нема датум, а ни наслов на објавување, изјави сер Џон.

Ширан претходно рече дека идејата за дуетот дошла од Џон, кој му се јавил лани откако неговата песна „Step Into Christmas“ првпат се најде на официјалната топ 10 листа во Велика Британија.

– Елтон ми заѕвони на Божиќ за да ми посака ‘Среќен Божиќ’! Елтон ми ѕвони речиси секој ден. Па, ми вели – ‘Песнава е број 6 на топ-листата! Сакам да направам уште една божиќна песна – ќе го направиш ли тоа со мене?’, раскажа Ширан.

По кусо двоумење, помладиот пејач се согласил. Ширан (30) и Џон (74) и претходно ги здружија силите, за настапот на Греми наградите 2013 година. Но Џон, исто така, и претходно му укажувал на грешките на Ед зад сцената.

Во интервју за списанието „Ролинг стоун“ од 2013 година, тој рече дека Ширан го потсетува „на себе, на уметникот – кога почнувал“ со кариерата.

Песната, според сѐ, е далеку од готова, а Ширан синоќа соопшти и дека е позитивен на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Концерт посветен на Украина, пеат голем број украински и светски музички ѕвезди

Ана Ололовска

„Ворнер мјузик“ ги доби правата за сите песни на Дејвид Боуви

Ана Ололовска

Whitesnake ќе одржат концерт во Скопје

Ана Ололовска

Концерт на Стинг во Сараево во организација на „Авалон“

Ана Ололовска

„АББА“ денеска го објавува новиот албум

Ана Ололовска

Мараја Кери најави нова божиќна песна

Ана Ололовска