Елизабет Харли одрече дека со синот ѝ ќе снимаат свое реално шоу

Од:

Британската глумица Елизабет Харли ги одрече наводите дека заедно со нејзиниот 18-годишен син Дејмијан, ќе снимаат свое реално шоу. И, таа тоа го стори со гола фотографија од себеси, во нејзин стил.

„‘Абсууурдни’ приказни во нашиот славен печат денеска… Слушнете го ова ’од устата на коњот‘ – јас и мојот син дефинитивно НЕ планираме да снимаме домашно реално ТВ шоу во стилот на ’Волтонс‘. Мислам, кој и да е тој ‘пријател’ (или новинар на којшто му било здодевно), кој ги објавил овие измислени нешта, смешен си!“ напиша глумицата под сликата.

Елизабет Харли, инаку, е среде шестото десетлетие од животот, и периодовг, покрај глумата, се занимава и со дизајн на дводелни костими за капење.

Дејмијан, кој ќе наполни 19 години на 4 април, е син и на нејзиното поранешно момче Стив Бинг. Бинг се самоуби минатата година.

Би можело да ве интересира

Рајан Рејнолдс уште еднаш за важноста на грижата за личното психичко здравје

Ана Ололовска

Анистон откри дека била „крадливката“ меѓу „Пријателите“

Ана Ололовска

Криси Тајген уште еднаш ѝ се извини на Кортни Стоден

Ана Ололовска

Бред Пит доби еднакви права со Анџелина Џоли за старателство над децата

Ана Ололовска

Стивен Сегал член на партијата „Праведна Русија – за вистината“

Ана Ололовска

Сeлма Хајек едвај се спаси од Ковид-19

Ана Ололовска