Елизабет Харли не добила улога во „Сплетки“ зашто била премногу убава

Од:

Елизабет Харли, според многумина – една од најубавите британски глумици, била одбиена за улога во светски познатата хумористична серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses). Причината било тоа што Харли била „премногу убава“.

Оваа година навршуваат 40 години од првото прикажување на првата епизода од „Сплетки“ (1981-2003). По тој повод, љубителите се потсетуваат и на некои тривијалности околу серијата. Писателот Грејм Меккан во соработка со еден од авторите на приказната, Тони Дау, неодамна објави книга во која вели дека пред околу 22 години, улогата на Касандра, девојката и подоцна – сопруга на Родни Тротер, за малку ќе ја добиела тогаш 23-годишната Харли…

„Елизабет Харли сета возбудена се појави на аудицијата, но на Тони Дау таа премногу му личеше на модел за да му одговара на некој како Родни… Ни беше чудно, затоа што тогаш изгледаше уште подобро отколку денес, но и јас едноставно не можам да ја замислам како негова девојка – тешко е таков фраер ќе излезе в град со оваа зачудувачки убава жена“, вели Меккан.

На крајот, Гвинет Стронг ја доби улогата на Касандра.

Серијата почнаа да се прикажува 1981 година, а популарноста најдобро ја илустрира податокот дека во еден миг, наводно, поради големиот број гледачи, имало пад на електричната мрежа во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска