Ексдиректорот на АЕК се разведува: Се оладила бидејќи не сум повеќе директор

Од:

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, објави дека се разведува од неговата сопруга, која ја нарекува „фотошоп барбика“, Агнеса Орданоска. Тој обзнани дека разводот го бара неговата сопруга, со образложение, како што кажа, дека тој не е повеќе директор, а со тоа не е ни во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“, напиша Орданоски.

Тој за разводот објави на социјалните мрежи, честитајќи роденден на неговата ќерка, а критикувајќи ја неговата сопруга од која се разведува, што не присуствувала на прославата. Орданоски со неговата сопруга имаат две деца. Тој во минатото работеше на повеќе високи функции, како извршен директор за инженеринг во „Телеком“, директор на сектор за ИКТ во „Мепсо“, како и член на бордот на директори во „Мепсо“.