Еко-зелен викенд во Маврово

Од:

Во Маврово од 16-ти до 18-ти август ќе се одржи еколошко-едукативен и забавен фестивал на кој ќе бидат промовирани природните убавини на мавровоско-реканскиот крај.

– Овој настан е замислен со две компоненти. Едната е да ги прикажеме можностите за активен престој на регионот и поттикнување на локалното население. Втората е економска, односно преку продажба на билети, овој фестивал да стане одржлив и за идните години, рече градоначланикот на општина Маврово-Ростуше Мукрем Мехмеди на прес конфренцијата.

Организаторите, здружението на граѓани „Еко Маврово“ ја претстави програмата. Во музичкиот дел учеството во потврдиле реномирани ди-џеи и артисти од Македонија и странство.За посетителите, кои ќе дојдат обезбедено е бесплатно кампирање и намалени цени на сместувачките и угостителските услуги.

Манифестацијата ќе биде поддржана од локалните фирми и општина Маврово Ростуше.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

На Маврово вее снег

Горан Наумовски

Ковачевски: Маврово и Ростуше е сплотено во поддршката за Медат Куртовски