Егзит прогласен за најдобар европски фестивал

Од:

Фестивалот Егзит, кој се одржува во српскиот град Нови Сад, беше прогласен за најдобриот европски фестивал, на натпревар кој се одржа во Холандија.

Жирито разгледало 350 музички фестивали кои се одржуваат во 35 европски држави, и заклучило дека Егзит е најдобрит голем европски фестивал и најдобро организиран фестивал. Егзит ја добил и наградата за општествен активизам.

– Ова е голем успех за нас, по четири години повторно да ја освоиме најважната награда во светот, и тоа во конкуренција со фестивали кои имаат и по десет пати поголем буџет од нашиот, изјави основачот на Егзит Душан Ковачевиќ.

Би можело да ве интересира

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

„Егзит” во Струмица

Горан Наумовски

Основачот на Егзит ја покани финската премиерка на фестивалот Sea Dance

Горан Наумовски

На првиот ден од Егзит запленети се повеќе од шест килограми дрога