Џилијан Андерсон проговори за анксиозноста

Од:

Глумицата Џилијан Андерсон, најпозната по ТВ сериите „Досие Икс“ и „Сексуално образование“, на Фејсбук проговори за својата анксиозност и како се справува со тоа.

– Страдам од анксиозност и депресија откога бев средношколка и, низ годините, тоа се манифестираше на разни начини. Имаше периоди кога се чувствував многу осамена и како да сум единствената на светот што е така нервозна или исплашена, раскажува таа.

Нејзината поента е дека сѐ тоа поминува и дека оние што страдаат од анксиозност и панични напади, нема зошто да се плашат.

– Сакам да ѝ кажам на помладата, помалку искусна јас, дека и во миговите кога ти се чини дека ќе умреш, нема да умреш. Сѐ ќе помине!, нагласува Андерсон.

Натаму, таа додава дека „паничните напади не мора да ти го направат животот помал“.

– Прифатете ги ризиците и предизвиците во животот. И покрај анксиозноста, вие може да имате убав, исполнет, квалитетен и мирен живот. Има многу луѓе што страдаат од анксиозност, депресија и страв. И, многу од нив ќе сакаат да ви помогнат. Нема зошто да се плашите или срамите, вели глумицата.

Видеото е дел од серијалот „Анксиозноста и што би кажал/-а за тоа“ на Институтот Чајлд мајнд, каде што и други познати личности говорат за своите слични искуства.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска