Џенифер Лопез продолжува да го воодушевува светот со беспрекорниот изглед, а нејзиниот нов спот е само уште еден во низата докази, дека таа мами воздишки и во петата деценија од нејзиниот живот.
Во спотот за песната „Te guste“ Џенифер ја покажа фигурата во костим за капење и предизвика само позитивни коментари.
„Џеј Ло старее наназад“, „Како да има 25 години, каква кралица“, „Изгледа неверојатно добро“ се само некои од бројните коментари.
Видеото е објавено на 8. ноември и има повеќе од 6 и пол милиони прегледи.
Музичката и актерка ѕвезда неодамна кажа дека тајната за нејзиниот совршен изглед е во тоа што избегнува кофеин и алкохол, крева тегови и спие доволно.