Џенифер Гарнер прогласена за најубава жена

Од:

Списанието „Пипл” секоја година прогласува најубава позната дама на годината, а овојпат титулата ја понесе холивудската ѕвезда Џенифер Гарнер.

Гарнер, која инаку е на прагот од петтата деценија од својот живот, ја краси насловната страница од мајскиот број на познатото списание, и тоа без нималку шминка на лицето. Во врска со „тајните на безвременската убавина“, таа во интервјуто нагласува дека најзаслужни се нејзините деца – Вајолет (13), Серафина (10) и Семјуел (седум).

– Штом се вратам дома од некое снимање или настан, ми велат да ја тргнам шминката од лицето, да си ја врзам косата и да ги ставам очилата. Тоа им е омилениот мој изглед и за мене тоа е комплимент, изјави Гарнер.

За оваа ласкава титула на најубава жена, таа нагласува дека е доста изненадена.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска