Џаред Лето со порака до бугарскиот премиер Борисов за спас за НП Пирин

Од:

Познатиот актер и музичар Џаред Лето преку Твитер го повика бугарскиот премиер, Бојко Борисов да го заштити Националниот парк Пирин.

– Бојко Борисов, Ве молам заштитете го Националниот парк Пирин од прекумерната сечка поради профит и од скијачката инфраструктура. Спасете го Пирин. Нашето наследство е под закана, веднаш преземете нешто, напиша тој.

Тој сподели и петиција до премиерот со која што се бара зачувување на Пирин од комерцијалното сечење и скијачката инфраструктура.

Порака за зачувување на старите шуми во Пирин испрати и фондацијата на Леонардо ди Каприо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит