Двајца повредени во пожарот кој пламна во фабрика во Штип

Од:

Пожар избувна во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“, во рамки на Технолошко индустриска развојна зона – Штип, пришто повредени се две лица кои се хоспитализирани.

Kaко што информираа од Центарот за управување со кризи, штипските пожарникари во периодот од 10.10 до 11.15 часот имале интервенција на запалена печка и кровна конструкција во фабриката.

Пожарот е локализиран. Во гаснењето учествувале 4 пожарникари со 2 противпожарни возила.

Штетата дополнително ќе се утврдува.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

ЦУК: Девет пожари на отворено, два се уште активни