Дваесет работи кои ве попречуваат во животот

Од:

Бука – Сараево

Ако премногу време посветувате некому кого го сакате и во меѓувреме заборавате на себе, ќе ви биде тешко. Треба да им помагате на другите, но исто така треба да си помагате и себе си. Искористете го моментот да ја следите својата страст и да направите нешто што ќе ви годи.

Ви донесуваме листа од 20 работи кои ве попречуваат во животот.

1. Се дружите со погрешни луѓе

Животот е премногу кус за да минувате време со луѓе кои ве прават несреќни. Ако некој ве сака во животот ќе ви се јави. Не треба да се борите за тоа место.

Никогаш не се трудете околу луѓе кои ве запоставуваат. Сетете се дека пријатели се луѓето кои се тука кога ви е најтешко.

2. Бегате од проблемите

Треба да се соочувате со проблемите со кои се соочувате. Нема да биде лесно. Не постојат луѓе кои со леснотија ги решаваат сите проблеми. Едноставно, не сме создадени такви.

Клучниот дел од животот е соочување со проблемите, учењето и прилагодувањето. Ова не формира во личност која стануваме подоцна.

3. Се лажете себе си

Можете да го лажете секого, но никогаш не треба да се лажете себе си.

Нашите животи се подобруваат само кога ќе почнеме да ризикуваме и да ги користиме можностите кои ни се укажуваат, а тоа не може да се случи ако се лажеме себе си.

4. Се преправате

Еден од најтешките предизвици во животот е да се остане свој во свет кој ве тера да бидете како сите други. Некој секогаш ќе биде поубав, попаметен, помлад, итн.

Но, тие никогаш нема да бидат како вас. Не се менувајте поради другите. Бидете свои и вистинските луѓе ќе ве засакаат поради тоа што сте.

5. Постојано се присетувате на минатото

Никогаш нема да можете да почнете ново поглавје во животот, ако постојано го читате претходното.

6. Се плашите да погрешите

Ако нешто се обидете 10 пати и секогаш грешите, тоа ќе биде попродуктивно отколку воопшто да не се обидувате.

Секој успех е проследен со многу неуспеси и секој неуспех на крај води кон успех. Повеќе ќе жалите за работи кои нема да ги направите, отколку за работи кои ќе ги направите.

7. Стапувате во врска од погрешни причини

Врските мора внимателно да се бираат. Подобро е да се биде сам отколку со погрешен партнер. Нема потреба да брзате.

Ако нешто е судено ќе се случи во свое време, со вистинското лице, од вистински причини. Вљубете се кога ќе бидете подготвени, а не кога сте сами.

8. Одбивате нови врски бидејќи се плашите дека ќе бидат како претходните

Во текот на животот ќе сфатите дека секој што ќе го запознаете има своја цел. Некои ќе ве стават во искушение, некои ќе ве искористат, а некои ќе ве подучат.

Но, она што е најважно, некој ќе го пронајде она што е најдобро во вас.

9. Се натпреварувате со секого

Не обрнувајте внимание на она што другите го прават подобро од вас. Сконцентрирајте се на сопствените рекорди. Успехот зависи само од вас.

10. Љубоморни сте на другите

Наместо да им завидувате на другите, подобро прашајте се што е тоа што вие го имате, а секој друг го сака.

11. Постојано се жалите

Животот ви прави пречки со причина, да ве насочи кон она што ви е наменето. Можеби нема да ви биде се јасно на почеток, можеби ќе биде тешко. Но, за тоа размислувајте кога ќе помине.

Ќе видите дека без тие потешкотии не би успеале. Дајте им на сите до знаење дека сте многу подобри од она што сте биле. Можете само да напредувате.

12. Не простувате

Не треба да живеете со омраза во срцето. Така повеќе сами се повредувате отколку луѓето кои ги мразите. Простувањето не значи прифаќање на туѓа неправда.

Простувањето значи дека нема да дозволите таа неправда да ви го уништи животот. Ослободете се и најдете мир. Не заборавајте дека треба и самите да си простувате, не само на другите.

13. Трошите време објаснувајќи ги своите постапки на другите

На пријателите ова нема да им треба, а непријателите нема да ви веруваат. Држете се само до она во што верувате.

14. Не правите пауза

Одвојте малку време да се одморите. Одморете се и ќе ви биде полесно да продолжите. Ќе ги видите работите од нов агол.

15. Не обрнувате внимание на ситници

Обрнувајте внимание на ситниците, уживајте во нив. Којзнае, можеби еден ден ќе откриете дека сепак биле важни во вашиот живот.

Најдобрите моменти во животот ќе бидат незабележани, ситни, моменти во кои уживате во тишина и мир во својата душа.

16. Глумите дека се е во ред

Во ред е понекогаш да се предадете. Не мора секогаш да делувате како да сте под контрола, дека ништо не може да појде наопаку.

Исто така, не треба да обрнувате внимание на туѓите мислења.

17. Се трудите да задоволите секого

Ова е нешто што никој не може да го постигне, а што повеќе се трудите, толку ќе ви биде полошо.

Но, ако успеете да насмеете едно лице, тоа веќе може да ги промени нештата. Ограничете се, не сте семоќен.

18. Премногу сте загрижени

Загриженоста нема да ви помогне, нема да ви ги реши проблемите. Ако нешто ве мачи, прашајте се дали е вредно за грижи. Прашајте се дали ќе биде важно за една година или подолго.

Ако нема, немате причина за грижи.

19. Мислите на тоа што не сакате да се случи

Подобро да се фокусирате на она што сакате да се случи. Позитивното размислување е услов за секој успех.

Ако секој ден се будите размислувајќи за нешто убаво, обрнете внимание, можеби желбата ќе ви се оствари.

20. Постојано сте неблагодарни

Без оглед на тоа во каква состојба се наоѓате, треба да бидете благодарни за тоа што го имате. Постојат многу кои немаат ништо и секој ден се борат за нешто што вие го занемарувате.

Наместо да размислувате за тоа што го немате, размислувајте за тоа што вие го имате, а другите го немаат. Бидете благодарни.

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска