Дубровник практично забранува отворање нови ресторани

Од:

Дубровник последниве години бележи значителeн пораст на бројот на туристите, а популарноста станува уште поголема по серијата „Игра на престоли”. Тоа резултира со прекумерен број постители.

Досега хрватскиoт „стар град“ се бореше со прекумерниот туризам со ограничување на бројот на бродовите за крстосување, намалување на бројот на продавниците за сувенири за 80 отсто, како оној на маси и столови пред рестораните за 20 отсто.

Сега властите најавија уште построги мерки.

Во декември Градскиот совет ќе гласа по предлогот за воведување мораториум за нови столови и маси на отворено којшто ќе важи за следните пет години. Ако некој пак, има намера да отвори ресторан, ќе добие решение само за затворен простор, што во центарот на Дубровник, на пр., е практично невозможно.

Ако се има предвид тоа дека 99 отсто од масите во угостителските објекти во градот се на улица, новата мерка практично значи „забрана“ за нови ресторани.

Би можело да ве интересира

Понуда која не се одбива: Фарските острови нудат бесплатно сместување

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Мистерија стара два века: Розовото езеро во западна Австралија

Татјана Ташкова

Шестгодишно девојче двапати го освои Килиманџаро

Ана Ололовска

Почна најдолгиот непрекинат лет Лондон – Сиднеј

Ана Ололовска

ВИДЕО: Чудо на природа што може да се види само во посебни денови – „Црвената Река“ во Перу

Ана Ололовска

За сендвичи и сок туристи во Рим платиле 119 евра, им го наплатиле и приборот за јадење

Ана Ололовска