Древните Кинези вареле пиво на два различни начина

Од:

Древни наоди открија дека на територијата на Кина, луѓето пред 6.000 години вареле пиво на два различни начина.

Во првиот метод е користено за’ртено просо, семиња од трева и ориз. Така се добивало послабо пиво. Во другиот начин се користени почетен агенс, мувлосана трева и зрна, соопшти тимот научници од Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД.

Илјадалетија подоцна, двата начина се опишани во литературата, како „ли“ – послабо пиво и посилното „џиу”.

Производството на алкохол од зрнести култури се одвива во две етапи. При првата, скробот се хидролизира до шеќери, подобни за ферментација со помош на ензими. Втората етапа е самата ферментација, при што квасецот ги претвора шеќерите во етил алкохол и јаглероден оксид.

При варењето на пивото со слад овие процеси се изведуваат независно еден од друг. При користењето на почетен агенс, тие се одвиваат во истовреме.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски