Доказ дека животот потекнува од вселената: НАСА откри шеќери во два метеорити

Од:

Научниците од НАСА велат дека направиле „слатко“ откритие додека анализирале два метеорити што се урнале на Земјата.

Во вторникот, НАСА објави дека ги пронашла првите докази за шеќери на примероци од метеорит, што додава сè повеќе докази дека астероидите се основата од која настануваат повеќето метеорити. Според теоријата, хемиските реакции во рамките на астероидите можат да ги создадат некои од елементите неопходни за живот.

Меѓу идентификуваните шеќери метеоритите се рибозата, арабинозата, ксилозата и ликсозата – но не и сахароза која го засладува рафинираниот шеќер на Земјата. Тие шеќери, велат истражувачите, биле формирани како резултат на хемиските реакции што се појавиле во вселената.

Постоењето на рибозата е особено значајно откритие бидејки е примарна состојка во РНК (рибонуклеинска киселина), е основен агенс во целиот биолошки живот – особено рано во историјата на Земјата.

Откривањето на рибозата исто така сугерира дека РНК еволуирала пред ДНК, давајќи им појасна слика на научниците за тоа како може да се создаде животот.

Истражувачите велат дека ја отфрлиле можноста тие шеќери да биле создадени по контактот на метеоритите со Земјата.

Испитуваните примероци содржеле јаглерод-13 наместо почестиот јаглерод-12 и бил силно збогатен над количината што научниците обично ја гледаат во биологијата овде на Земјата.

Истражувачите планираат дополнително да ги проучуваат метеоритите за да добијат подобра претстава колку се вообичаени шеќерите, а исто така и карактеристиките на шеќерите.

„Други важни „темели за живот“ беа пронајдени претходно во метеоритите, вклучувајќи аминокиселини (компоненти на протеини) и нуклеобази (компоненти на ДНК и РНК), но шеќерите беа делот кој недостасуваше“, вели главниот автор на студијата, Јошихиро Фурукава, во изјава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега