Доделувањето на „Тони“ наградите одложено на неопределено

Од:

Годинешното свечено доделување на „Тони“ театарските награди вчера е одложено на неодредено време. Ова е последниот во низата културни настани – жртви на корона-пандемијата.

Доделувањето требаше да се одржи во Њујорк на 7 јуни, со пренос во живо на Си Би Ес.

Театрите на Бродвеј беа затворени пред две седмици поради пандемијата. Њујорк потоа беше прогласен за жариште на епидемијата во САД.

„Здравјето и безбедноста на броадвејската заедница, уметниците и обожавателите нам ни се најважни”, се истакнува во известувањето на организаторите.

Така, свеченоста е „одложена за подоцнежен датум“, како што стои во соопштението. Наградите „Тони“ за драма, мјузикл, режисери и глумци се сметаат за највисоко признание во американската театарска сцена.
Меѓу откажаните културни настани поради коронавирусот, се и Филмскиот фестивал во Кан, како и музичките фестивали во Гластонборо и во Велика Британији и Коачела во Калифорнија.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски