Добротворна забава за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во неповолна социјална положба

Од:

Здружението за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ „Заедно посилни“ вечерва организира добротворна забава во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на СИДА.

Организаторите најавуваат забава со диџеите Соња Исмаил, Ивана Драгшиќ и Вера Вендета, а модератори на настанот ќе бидат телевизиските водители Марко и Цеце.

– Поддршката, и од граѓанските организации кои работат во оваа област и од институциите и од самите граѓани, е клучна во остварувањето на зацртаните цели, а тоа се: нулта толеранција на дискриминацијата, да се зголеми бројот на лица со ХИВ кои примаат терапија и да се намали бројот на нови инфекции кај возрасните. Само преку демонстрирањето обединет фронт и со заеднички напори можеме да ставиме крај на епидемијата на ХИВ и да придонесеме за нормализација на ХИВ притоа креирајќи овозможувачко и инклузивно опкружување за сите. Затоа, оваа година, кампањата не случајно е насловена ЗаедноПосилни, велат организаторите.

Од 1988 година секоја година на 1 декември се одбележува Светскиот ден на СИДАТА со цел да се подигне јавната свест за ХИВ и СИДА, посебно истакнувајќи ги достигнувањата во превенцијата на ХИВ-инфекцијата, но и достапноста на терапија. Покрај сеќавањето на оние кои ја изгубиле битката со ХИВ, се изразува и солидарност за луѓето што живеат со ХИВ. Меѓународен симбол за свесност и поддршка е црвената панделка.

Здружението „Заедно посилни“ години наназад традиционално организира добротворни настани на кои се собираат донации за фондот за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ. Преку овој фонд се обезбедува помош за овие лица и тоа патни трошоци за редовна контрола и подигнување на терапија од Клиниката за инфективни болести во Скопје, ваучери за основни прехранбени и хигиенски производи и еднократна помош за лица во исклучително висок социјален ризик.

Годинава, здружението „Заедно посилни“ слави 10 години од основањето.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска