Доаѓа третата генерација на „Снeпчeт Спекталс“ очилата

Од:

Третата генерација на очилата „Снeпчeт Спекталс“ содржи многу нови својства и можности за бројни забавни, интересни и креативни моменти.

„Спектаклс 3“ очилата овозможуваат да снимате видеа и фотографирате, да примените 3Д ефекти на нив и таа содржина да ја објавите на Снепчет или на другите социјални мрежи.

Очилата се изработени од не’рѓосувачки челик, и имаат две ХД камери кои снимаат и видеа и фотографии. Секако, тука е опцијата и за поврзување со телефонот.

За разлика од претходните две верзии, „Спектаклс 3“ има поусовршени и пореалитични 3Д ефекти, подобрени благодарение на подобрениот сензор за длабочина. Благодарение на оваа технологија, ќе се чувствувате како да одите по долг „шарен ходник“, на пр., и дека балони во облик на срце лебдат околу вас додека се шетате во парк и многу други виртуелен ефекти. Со новите „Спектаклс“ ќе може од повеќе такви 3-Д фотографии или куси ГИФ-видеа.

Цената на овој нов технолошко-моден додаток е 380 долари.

Би можело да ве интересира

USB.mk доби нов и модерен дизајн

Ана Ололовска

Самсунг направи ултра-заоблен монитор со фантастична технологија

А1он

Гили ќе вложи 326 милиони долари во сателити за самоуправувачки автомобили

Ана Ололовска

Епл казнет со 500 милиони долари за забавување на постарите „ајфони“

Ана Ололовска

Новиот 5-Г паметен телефон на Ел-џи со два екрана

Ана Ололовска

Џојстикот на Плејстејшн 5, најверојатно, ќе ги бележи реакциите на телото

Ана Ололовска