До 15-ти јануари гласање за национален кириличен домен

Од:

Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет го продолжи до 15-ти јануари рокот за гласање за избор на национален кириличен домен. Гласањето е на страната на МАРнет www.marnet.mk.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на МАРнет Сашо Димитријоски минатиот месец на прес-конференција соопштија дека користењето домени на мајчин јазик е грижа за зачувување на националниот идентитет и оти тоа е заложба и на најголемите земји во светот.

Во гласањето може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, здруженија или правни субјекти. Предлогот што ќе освои најголем број гласови ќе биде ставен во официјалното барање за добивање кириличен домен за Република Македонија, кое ќе биде поднесено до ИЦАНН (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он