ДНК летнаа

Од:

Спортскиот аеродром во близина на Свети Николе беше местото на снимање на новиот видео запис на Р&Б двоецот ДНК, за темата „Авионнн“ чија што радио и видео промоција ќе се случи на 1-ви јуни.

Песната е авторско дело на Лазар Цветкоски и Панчо и во моментов се мастеризира во едно од најголемите водечки музички студија во светот Abbey Road Studios во Лондон во кое се мастеризирале албумите на Мајкл Џексон, Битлси, Дејвид Гета, Лејди Гага, Пол Меккартни, Џејмс Морисон, Тејк Дет, Пинк, Квин, Алиша Кис, Џамироквај, Ред Хот Чили Пеперс и саундтраците на Аватар, Ди Артист, Стар Ворс, Хари Потер и многу други.

– Снимањето на новиот видео запис беше несекојдневно доживување. Во него јас и Андреј се појавуваме како пилот и моторџија, а да се одглуми сето тоа беше интересно искуство и голема задача која одлично ја изработивме. Нашите обожаватели и поддржувачи премиерно ќе ја слушнат Авионнн на 1-ви јуни, вели Панчо од ДНК.

По издавањето на овој сингл, Панчо и Андреј ќе продолжат со подготовките за нивниот анплагд концерт закажан за 29-ти септември во Универзалната Сала во Скопје.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски