Холивудскиот актер Џорџ Клуни ќе игра во новото остварување на Бред Бирд „Tomorrowland“, во продукција на „Дизни“. Се шпекулира дека филмот ќе зборува за Никола Тесла иако засега се познати мошне малку детали.
На сајтот imdb.com премиерата на филмот е најавена за декември идната година, а дејствието е опишано со следните зборови:
„Споени со заедничка судбина, тинејџерот кој се интересира за науката и генијалниот пронаоѓач тргнуваат во мисија за откривање на места кои постојат во нивното заедничко сеќавање.“
Иако нема зборови за Тесла, блогерот Метју Иман кој го води сајтот „The Oatmeal“ открил дека продуцентот го повикале на состанок и му поставиле бројни прашања за животот на Никола Тесла, па заклучил дека филмот ќе зборува за легендарниот научник.
Подготви: К. А.