Американската филмска ѕвезда Џони Деп (50) најави дека наскоро би можел да се „пензионира“ од актерството и снимањето филмови.
Во интервју за Би-Би-Си, Деп откри дека „серизно размислува“ во блиска иднина, актерството да го замени за некоја „потивка и помирна работа“ како и дека „крајот на неговата кариера, како актер не е премногу далеку, иако прифаќа дека не е престар за да продолжи со работата што ја работи последниве триесетина години.
– Кога годишно ќе изговорите огромен број дијалози и ќе сфатите дека зборувате (од друг) напишани зборови, повеќе отколку што имате шанса да изговарате сопствени зборови, почнувате да размислувате дека сето тоа е безумна и неразумна опција за едно човечко суштество, изјави Деп за Би-Би-Си.
Џони Деп во својата досегашна кариера е три пати номиниран за наградата Оскар, за најдобра машка улога.
Во светот на филмот влезе во осумдесетите години на 20 век, како тинејџер, кога работеше и на некои телевизки серии.
Негов последен филм е „Осамениот ренџер“.