Дијамантот „Розово наследство” продаден за 50 милиони евра

Од:

Раскошниот 19-каратен розов дијамант наречен „Розово наследство” беше продаден за над 50 милиони евра на аукција на Кристи’с во Женева. Ова е нов светски рекорд на цена од карат за розов скапоценен камен.

Дијамантот е откриен пред околу еден век во Јужна Африка и се смета дека има најчист хемиски состав, сметаат стручните лица. Има правоаголен облик и првично им припаѓал на семејството Опенхајмер, сопственик на рударската компанија Де Берс.

Тој вчера е купен од американската фирма за накит „Хари Винстон” која е во сопственост на швајцарската компанија за часовници „Своч”, а наддавањето траело 10 минути со учество на четворица кандидати за купување.

Скапоцениот камен чија цена на наддавањето се движеше меѓу 30 и 50 милиони долари, веднаш беше преименуван од новио купувач. Новото име гласи: „Розово наследство Винстон”.

– Два милиони и шестотини илјади долари за карат е светски рекорд за розов дијамант. За мене, тој камен е „Леонардо да Винчи“ меѓу дијамантите, изјави претставникот на Кристи’с за Европа, Франсоа Куриел.

Би можело да ве интересира

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Бараат да им го вратат дијамантот: „Срамно сме сиромашни и со криминалци, виновни се Кралицата и нејзините предци“

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Шри Ланка откриен најголемиот сафир во светот, тежок 310 килограми

Ана Ололовска

Индиски селанец ископа дијамант и преку ноќ стана милионер

Ана Ололовска

Боцвана: Ископан третиот најголем дијамант во светот

Ана Ололовска