Диета која го решава проблемот за кој малку се зборува

Од:

Лечењето на покачената вредност на мочната киселина, од која страдаат голем број на луѓе, покрај примената на лекови се спроведува и со соодветна диета, која ја советуваат лекарите.

Во рамки на овој хигиенско-диетален режим забранети се црн дроб, бубрези, мозок, но и јазик, месни екстракти, сланина, како и свинско, говедско и месо од гуска.

Во менито не се дозволени ни сардини, школки, конзервирано месо и конзервирана риба.

Во умерени количини може да се јаде ржан леб, карфиол, спанаќ, пилешко, шунка, овчо месо, ракови и печурки. Мастите во исхраната исто така треба да се ограничат.

Дозволено е да се јаде бел леб, пецива, двопек, пченични мусли, макарони, пченкарно брашно.

На листата на потребните производи се наоѓаат и јајца, млеко, младо сирење, моркови, целер. Од зеленчук, се препорачуваат уште и компир, грашак, тиквици, домати, краставици, ротквици, како и сите видови на овошје и сокови.

Би можело да ве интересира

Нов тип на ХИВ откриен за првпат по 19 години

Татјана Ташкова

Откриен ген одговорен за појава на аритмија кај човекот

Ана Ололовска

Повеќе сакате слатко или солено? Одговорот ќе ви открие дали имате предиспозиции да се здебелите во иднина

Ана Ололовска

Кучиња – спас од срцев удар и од мозочнен удар

Татјана Ташкова

Влијанието на телевизорот и компјутерот врз детето

Ана Ололовска

Осаменоста е поштетна по здравјето од пушењето цигари

Ана Ололовска